Пендаровски во Пласница: На фер избори граѓаните ќе ја изберат европска Македонија

Од:

Граѓаните на Пласница денеска разговараа за тешкото секојдневие но и за актуелната политичка ситуација.

-На Македонија не смеат да и се случат уште едни недемократски и криминални избори. Пред 5-ти јуни мора да се исполнат сите услови за фер и демократски избори . Груевски знае дека на слободни избори тој и неговата банда околку него немаат апсолутно никаква шанса за победа. Ова е финалето, овој пат правдата, вистината, граѓание, ќе ја победат мафијата, истакна Пендаровски.

Го чувме пријателот на Груевски како на телевизија не невредува нас Турците. Тоа „лажговци“ нека му го каже на Груевски и неговото друштво, бидејќи поголем лажго од него нема, револтирано рече еден од граѓаните на Пласница.

-Мораме сите заедно, како луѓе коишто си ја сакаат Македонија, без разлика на вера и нација, да се избориме против оваа криминална банда којашто нема ни легалитет ни легитимитет. Нема легалитет бидејќи не победува на фер и демократски избори а нема легитимитет бидејќи Груевски не беше премиер на сите граѓани на Република Македонија. Тој беше премиер на својата фамилија и на уште неколку луѓе околу него, рече Пендаровски.

-Во Македонија има граѓански консензус против оваа власт. На следните фер и демократски избори граѓаните реферндумски ќе му кажат „не“ на Груевски. Изборот е или Македонија или мафијашката власт, граѓаните ја избираат Македонија. За нашите деца и внуци, за демократска и европска Македонија, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел