Пендаровски во Лабуништа: Да не дозволиме да не вратат назад

Од:

Ми кажаа дека противкандидатите не дојдоа овде кај вас, во Лабуништа. Тоа е разликата. Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја. Мојот слоган е Заедно напред, порача Пендаровски денеска во Лабуништа.

Само така можеме да просперираме, а не еден по еден. Јас не правам разлика по верска и етничка припадност. Нашиот концепт е едно општество за сите нас затоа што сите сме исти и мора сите да ги уживаме правата кои ни припаѓаат“, додаде Пендаровски.

Пендаровски рече дека опцијата што ја нуди опозицијата и кандидатката Сиљановска е опција за враќање назад кон изолација, поделби, неизвесност, запирање на започнатиот напредок на земјата и изрази уверување дека граѓаните го препознаваат тоа и ќе изберат напредок.

„Да бидеме сложни и да си помогнеме. Тргнавме напред. Ова е единствениот автопат кој не носи кон развиениот свет. Да не дозволиме да не вратат назад, да го закочат напредокот, да застанеме. Уверен сум дека во недела, на 21, ќе направите вистински избори и ќе изберете напредок, да продолжиме заедно напред“, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски