Пендаровски во Кратово: Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите

Од:

Концептот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните,порача Пендаровски денеска во Кратово, и воедно ја побара поддршката на изботите на 21ви април.

Ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.

„Да се биде член на Европската унија е нашата трајна стратешка цел. Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО.

Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ се отвораат претпристапните фондови и средствата ќе се користат за развој на земјоделството, туризмот и за подобар стандард, перспективи за младите.

Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере. За жал во тоа време многу златни деца ни заминаа бидејќи немаа шанса тука. Работите се променија и земјата тргна напред, да не дозволиме повторно да се вратиме назад. Тоа ќе биде загрозување на иднината на нашите млади. Затоа, да избереме напредок.

Заокружувањето на бројот 3 на овие избори е глас за развој, сигурна иднина на младите, повеќе пари кај граѓаните“, рече Пендаровски.

Јасна е разликата, додаде тој, гласот за Сиљановска е глас против СЈО и против напредокот, а гласот Стево е глас за праведно општество, интегрирано во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби