Пендаровски во единица, Заев во четворка

Од:

СДСМ за неколку часа ќе ја расчисти дилемата со кои адури ќе ги трча предвремените парламентарни избори на 11. декември. Неколку имиња и рокади имаше во последните денови според брифинзите од Бихачка.

Според последните неофицијални информации, СДСМ во изборната единица еден како носител на листа го става поранешниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, а во втората изборна единица генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.

Третата изборна единица ќе ја води дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, а во четвртата претседателот на партијата Зоран Заев, иако претходно се спомнуваше дека тој ќе застане на првата позииција во шесттата изборна единица.

Во петката за носител се споменува заменик претседателот Радмила Шекеринска, а во шеската портпаролот Петре Шилегов, иако според партиски информации можно е и да ги ротираат местата.

Неофицијално, ЛДП и НСДП ќе добијат по две добитни места, ДОМ на Лилјана Поповска, партијата на Ердоган Сарач и ПЕИ на Фијат Цаноски по едно место. Неизвесно е на колку места може да се надеваат припадниците на Шарената револуција.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он