(ВИДЕО) Пендаровски во Бутел: Ќе бидам претседател на сите граѓани, нема да делам по вера, нација или политичка припадност

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на граѓанската трибина со жителите на Бутел, истакна дека оваа општина со децении е пример за тоа како треба да функционира концептот едно општество за сите и заедништвото меѓу граѓаните од различните етнички заедници и едно општество за сите и порача дека и дека токму тоа влијание директно го увидел.

„Овде, во оваа општина, го минав најголемиот дел од животот со луѓе од сите етнички заедници. Мојот слоган е Зедно напред, тоа значи обединување, а не делби. Едно општеттво за сите е концептот што почнавме да го реализираме од 2016 година. Јас ќе бидам претседател на сите граѓани и нема да делам по верска, национална или политичка припадност, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски, нагласи дека оваа генерација политичари се зафатила и ги решава најтешките прашања. Тоа доведе до покана за членство во НАТО и во јуни да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Со ова, рече Пендаровски, нашите политички претставници рамноправно ќе учествуваат во решавање на светските прашања, ниедно прашање за Македонија, нема да се решава без Македонија. Тоа ќе значи отворање на европските фондови, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок стандард за сите граѓани.

По Бутел, Пендаровски попладнево ќе учествува на граѓански трибини во скопските општини Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата