Пендаровски-Столтенберг: Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина

Од:

Претседателот Стево Пендаровски телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Дискутирале за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски ја реафирмирал поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Столтенберг се заблагодарил за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на земјата. Генералниот секретар на НАТО и претседателот на Македонија согласиле дека Алијансата треба да продолжи во напорите за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците со дронови погодија руска фабрика важна за производството на моќните ракети „Искандер“

(ВИДЕО) Зеленски го прозва Трамп: Путин е агресор и убиец, како може да му биде пријател

Кремљ: Украина се обидува да ја прошири војната на Балтикот и Медитеранот

Таен канал до Путин преку руски олигарх: Финска и Норвешка спречиле ескалација на Балтикот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Руски напад на Запорожје, најмалку двајца мртви и 40 повредени

Катерина Ѓуровски

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

Катерина Ѓуровски