Пендаровски: Со членство во НАТО и отварање на вратите на ЕУ имаме шанса за голем економски развој

Од:

Вечерва на митинг во Куманово, Пендаровски ја побара поддршката на граѓаните од градот, за кој рече дека претставува Македонија во мало. Навраќајќи се минатото, истакна дека во Куманово отсекогаш победувал концептот кој што и сега оваа политичка опција го нуди, едно општество за сите, концепт за кој рече го срушил режимот со пенкало.

Тој ги повика кумановци да гласаат за претседател, кој нема да личи на досегашниот, за кого истакна дека ги кочи евроатлантските интеграции. Пендаровски се осврна и на договорите со Бугарија и Грција, со кои посочи се отвараат вратите на Европа.

Со Законот за јазиците, истакна тој, затворен е Охридскиот рамковен договор, и со него е направена внатршена кохезија. Осврнувајќи се на економијата Пендаровски, додаде дека веднаш по поканата за НАТО се чуствуваат првите позитивни економски индикатори.

-Ќе бидат и многу повеќе кога ќе се заокружи тој процес, два месеци отсега со полно право очекуваме да добиеме и датум за преговори со ЕУ, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека државава ја очекуваат стотици милиони евра за развој на општеството.

-Најголемиот проблем е економскиот развој и поврзано со тоа иселувањето на младите генерации. Златни деца изгубивме во овие десет, единаесет години владеење на режимот на фамилијата, но со отварање на европските врати, ние имаме голема шанса да направиме голем економски развој овде и на тој начин да им дадеме шанса на младите да формираат семејства, да започнат бизнис, рече Пендаровски.

Тоа, рече не може да се постигне ако се гласа за другата опција, бидејќи според него, гласот за противкандидатот Силјановска е мандат за Ѓорге Иванов, а ако на идни парламентарни избори се гласа за Мицкоски тогаш тоа е глас за Груевски.

-Тоа се политики кои не влечат назад, во мрачниот тунел, во диктатурата на Груевски, рече Пендаровски.

Тој ги повика кумановци да гласаат за него на 21 април и на 5 мај, годинава, укажувајќи дека оваа политичка опција во Куманово никогаш не изгубила.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, ги повика кумановци да гласаат за кандидатот Пендаровски. Нагласувајќи го мултиетничкиот карактер, Заев рече дека токму слоганот, Заедно напред ја отсликува реалноста во државата но и иднината, додавајќи дека Пендаровски ќе биде претседател на граѓаните од различните етнички заедници, од држава која ќе биде дел од развиениот свет кон кој се стреми.

-Знае Куманово, знаеме сите да се оди напред е одговорност, бара акција, одлучност. Куманово тоа го демонстрира од самостојноста на оваа земја, ајде и овој пат сплотено, единствено, заедничко Куманово да ја демонстрира својата љубов кон татковината, рече Заев.

Тој се обрати до младите за кои рече дека се носители на позитивните промени во државата, додавајќи дека гласот за Пендаровски е можност да одлучат за својата иднина, за европско образование, европски плати, животен стандард.

-Република Северна Македонија заслужува претседател и конечно после години да добиеме претседател на државата каков што заслужуваме, кој што ќе не сплоти, а го немавме. Да избереме татко на нацијата, врховен командант на ооружените сили, рече Заев.

Осврнувајќи се на опциите кои се нудат на овие избори, истакна дека оваа опција ја турка земјата кон развиениот свет, кон ЕУ и НАТО, кон економски развој, а другиот додаде ја враќа државата назад во заложништво, неизвесност, калкулантство. Другите не се опција, рече Заев, тоа се нови кочници, тоа не е опција за иднината на земјата. За кандидатот за претседател Силјановска, Заев истакна дека таа е против договорот од Преспа, против Законот за јазици, со што рече повторно се прават поделби во државата, а тоа, според лидерот на СДСМ, не смее да се дозволи.

-Во кумановски мезалк, има разни намирници кои се надополнуваат, таква е и нашата земја обединета во различности, со убави културолошки посебности, но сите се надополнуваме, тоа е нашето богаство, рече Заев.

Осврнувајќи се на првите луѓе на опозицијата, истакна дека самите се кажуваат како тврдокорни вмровци, а доаѓаат од различни партии. Тој додаде дека во Куманово има различни пријатели од различни етнички заедници, но дека сите се разбрале дека им треба заеднички кандидат.

Ги повика кумановци да гласаат за заедничкиот кандидат и дека таа опција е возможна ако се постигне цензусот и на 21 април и на 5 мај, бидејќи на тој начин, нагласи, ќе се обезбеди иднината на земјата, економски стабилна држава, во која ќе останат младите, додавајќи дека никој друг од противкандидатите не нуди алтернатива. Тој нагласи дека ова е важна одлука и додаде дека претседателот подеднакво ќе им служи на сите граѓани, а зад Пендаровски стојат различни партии и етнички заедници.

Би можело да ве интересира

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје