Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 1963 – та, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил.
– Оваа незаборавна трагедија е потсетник дека најважна е нашата безбедност и дека само заеднички можеме да ја надминеме секоја природна и човечка катастрофа, порача шефот на државата Пендаровски по повод 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.