(ВИДЕО) Пендаровски: Сиљановска ниту може, ниту сака да биде претседател на сите граѓани

Од:

Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство зад нас. Обезбедена и сигурна држава, партнер на демократскиот свет, рамноправен дел од најзначајните светски сојузи. Оние кои мислат дека без НАТО и Европската Унија можеме да ги решиме децениските проблеми со иселувањето, од социјалната сфера, дека може да ја обезбедиме сигурноста и стабилноста, се лажат себеси. Од осамостојувањето до денес само еден е патот кон прогрес и води преку ЕУ и НАТО, рече кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на денешниот централен митинг во Скопје.

-На сите оние кои сакаат да не вратат назад мора да им порачаме дека не само што нема да се враќаме назад, туку сите заедно ќе одиме напред. Не барам поддршка само да станам претседател, туку барам поддршка за концептот на иднината, концептот едно општество за сите. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.

Со години, како што посочи, чекоревме по овие улици со надеж и верба дека ќе се ослободиме од стегите на режимот, кои ја гушеа слободата, ја кршеа демократијата и ја заробија државата.

– Денеска ги фрливме стегите на режимот и сега чекориме по патот на евтоинтеграцијата, кон економскиот развој и севкупниот општествен напредок. На тој пат не сме осамени. Околу нас илјадници други стапки го чекорат истиот пат по кој одиме. И денес исто како во изминатите три години одиме заедно напред, рече Пендаровски.

Истакна дека за него не е важно од која националност се граѓаните, од која верска припадност, каква е нивната социјална состојба и дали се дел од власта или од опозицијата бидејќи, како што додаде, важно му е сите да имаат правда.

-Вашата правда е и моја правда, но вашата неправда ќе биде и моја грижа, рече Пендаровски.

Пред присутните на митингот Пендаровски се обврза дека ќе води политики на заедништво, а не на поделби.

– Имам намера да помирувам, не да разгорувам конфликти. Како претседател неуморно ќе работам на довршување на нашето членство во НАТО, да бидам предводник за членство во ЕУ. Моето делување нема да се заснова на непостоечки митови и реконструирани легенди, туку на реална современа политика на интеграција, рече Пендаровски и додаде дека е подготвен да биде претседател во вистинската смисла на зборот и затоа во неговата програма објавил осум клучни проекти, кои ќе започнат во првите осум месеци од неговиот мандат.

Во својот говор се осврна и на потпишаните договорите со Бугарија и со Грција, со кои, како што рече дадовме пример и за регионот и за светот, бидејќи се затворија децениски отворени прашања во интерес на државата, во интерес на граѓаните и во интерес на иднината.

Говорејќи за својот противкандидат Гордана Силјановска-Давкова, рече дека таа ниту сака, ниту може да биде претседател на сите граѓани, бидејќи единствено сака да биде наследник на Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби