Пендаровски: Секоја нова провокација или атак на нашиот идентитет го усложнува процесот на уставни измени

Од:

Уставните измени наскоро треба да бидат на домашната агенда, но секоја натамошна провокација или атак врз нашиот идентитет само дополнително ќе го усложнат процесот кој и онака нема да биде лесен рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред претставниците на дипломатскиот кор. На годишниот прием Пендаровски зборуваше за конфликтот во Украина, интеграцијата на регионот во ЕУ како и за патот на Македонија кон Европската унија.

– По три години членство во Алијансата верувам дека повеќе никој не се сомнева дека и мала земја како Северна Македонија може да биде значаен партнер и да придонесува за мирот во регионални и во европски рамки. Истовремено, оваа година очекуваме да ја финишираме скрининг фазата од преговарачкиот процес со Унијата и да преминеме кон отворање на кластерите. Уставните промени би требало да бидат наскоро на домашната агенда и во овој контекст, потребна ни е атмосфера во која сите про-европски сили ќе може да се обединат и да ги испорачаат тие промени. Тој процес нема да биде лесен, а секоја натамошна провокација или атак врз нашиот идентитет, само дополнително ќе го усложнува. Со други зборови, потребен е стабилен амбиент и предвидливост на европскиот пат рече Пендаровски.

Притоа, смета Претседателот дека не смееме да заборавиме дека европските интеграции за земјава не значат само добрососедски односи, туку и економски прогрес, сериозни реформи и реална, а не реторичка борба против високата корупција.

– Регионот во кој живееме е особено погоден од случувањата во Украина, без разлика дали станува збор за економско-социјалните последици или пак за изложеноста на хибридните закани и кампањите на лажни вести. Минатата година, отворањето на преговорите на Северна Македонија и Албанија, кандидатскиот статус на БиХ, одлуката за укинување на визите за Косово и серијата економски мерки за поддршка на националните стопанства, делумно го повратија кредибилитетот на Европската Унија во регионот. Ваквите политики ќе имаат стабилизирачки ефект на подолг рок само ако бидат базирани врз долгорочна стратегија за целосна интеграција на регионот во Унијата, и ако не се само одговор на војната во Украина. Просперитетен регион фокусиран на соработка, а, не врз конфронтации е возможен само ако Европската Унија е наш заеднички именител вели Пендарвски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

Предраг Петровиќ

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата

Пендаровски: Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам

Предраг Петровиќ

Пендаровски од Ѓорче Петров: Христијан Мицкоски се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Ако ги делиме граѓаните поради етничката припадност, државата ќе се враќа назад и ќе нема просперитет за никого

Предраг Петровиќ