Пендаровски се сретна со хрватската амбасадорка Баришиќ

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ.

Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, двајцата соговорници размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, при што e констатирано дека се пријателски, без отворени прашања.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката од Република Хрватска за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија и поддршката за членство на Република Северна Македонија во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Хрватскиот сабор. Тој изразил уверување дека поддршката ќе продолжи и во следниот период.

Пендаровски, како што наведуваат од кабинетот на претседателот, изразил очекување за вреднување на напорите на Република Северна Македонија од страна на Европскиот совет и скорешно одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, како клучен предуслов за обезбедување на напредок и трајна стабилност во поширокиот регион.

Амбасадорката Баришиќ, во име на претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, му честиташе на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во работата и изразувајќи уверување за натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори

Ана Ололовска

Пендаровски со став за оценката на Венецијанска откако таа ќе биде целосна и официјална

Ана Ололовска

Пендаровски: И Скопје и Тирана треба да почнат преговори, на сите во ЕУ им е јасно дека Северна Македонија испорача

Ана Ололовска

Пендаровски: Бугарија сигурно нема да го блокира датумот

Ана Ололовска

Во тек средба на државниот секретар на САД Помпео со претседателот Пендаровски

Ана Ололовска

Црногорското знаме свртено наопаку при средбата меѓу Пендаровски и Ѓукановиќ

Ана Ололовска