Пендаровски се сретна со Борел, му кажа дека Брисел треба да ги цени македонските напори

Од:

Очекуваме Европската Унија да ги валоризира севкупните напори на Северна Македонија и да биде направен исчекор во однос на почетокот на пристапите преговори за членство, во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на средба со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, одржана во рамки на неговата работна посета на Турција.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Републиката, на средбата беа разменети мислења за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на земјава, како и за напредокот во клучните области.

– Во светло на последниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, двајцата соговорници разговараа и за односите меѓу двете земји, осврнувајќи се на напорите на Португалското претседателство со ЕУ и можностите за надминување на отворените прашања во пресрет на претстојниот Совет за општи работи на Унијата, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски