Пендаровски: Сѐ додека постоиме и говориме на македонски, ниту една негација, фуснота, забелешка или што и да е, не ќе може да ја прикријат вистината

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, којашто се одржува во Охрид од 17 август до 2 септември 2022 година.

Посакувајќи успешна работа на годинашната школа, претседателот Пендаровски истакна дека ова е најдобриот, вистинскиот начин за промоција на македонскиот јазик, литература и култура и воопшто на нашата земја.

„Сите ние кои ги изговараме македонските зборови сме гарант за неговото постоење и сила. Ниту еден документ, декларација, изјава, не можат да обезбедат постоење и траење на еден јазик, ако не е жив односно ако никој не го употребува“, рече претседателот Пендаровски нагласувајќи дека сѐ додека има говорници на еден јазик тој ќе постои. Сѐ додека постоиме и говориме на македонски, ниту една негација, фуснота, забелешка или што и да е, не ќе може да ја прикријат вистината.

Би можело да ве интересира

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он