Пендаровски: Променете ја методологијата, но сакаме да знаеме кога навистина ќе почнеме со процесот

Од:

Деценија и половина ние сме подготвени со сите тимови, во сите 35 поглавја да се справиме со сите принципи и стандарди на Европската унија. Немаме никаква резерва во однос на тоа. Ја почитуваме одлуката на францускиот претседател и неговите аргументи од октомврискиот Самит на ЕУ. Променете ја методологијата, но сакаме да знаеме кога би било тоа и навистина да почнеме процес, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања во пресрет на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

– Ние сме земја кандидат за членство во Европската унија од 2005 година и 14 години се подготвуваме за преговори. Нашите тимови се подготвени. Нека биде најригорозна новата методологија ние сме подготвени, изјави Пендаровски.

Следниот вторник, нагласи Пендаровски, добиваме исклучително добра прилика како држава да присуствуваме на Париската мировна конференција и да ги изложиме аргументите на двете страни и да ги чуеме мотивите на францускиот претседател.

– Од наша страна, јас имам намера да кажам дека нашата позиција е, дека немаме никаква резерва према најавената нова методологија. Нека биде и петпати посилна и потемелна. Ние сме подготвени да влеземе во таков тип преговори и воопшто немаме никакава резерва према евентуална реверзибилност на процесот, изјави Пендаровски.

Ние реформите, истакна Пендаровски, не ги правиме за европските бирократи, туку ги правиме за нашите граѓани и промената на името не е единствен наш адут.

– Слободно може да не враќаат колку сакаат назад, но битно е да почнеме бидејќи навистина испорачавме се што беше од нас побарано во изминатиот период, изјави Пендаровски.

Да нема илузиции, побара Пендаровски, дека може да постои човек на светот што ќе оди и ќе го разубедува францускиот претседател да ни даде датум за преговори.

– Ние сме мала држава, имаме силни аргументи кои ќе бидат кажани на таа средба, меѓутоа да не одиме со преголеми очекувања, затоа што ниту Америка, ниту Германија, никој никогаш не може да го убедува претседателот на Франција, изјави Пендаровски.

Франција, продолжи тој, сега со заминувањето на Велика Британија, е единствената нуклеарна сила во ЕУ и постојана членка на Советот за безбедност и има два и пол века демократија, од која и ден денеска учиме и таму нема слушање луѓе.

– Таа политиката која е образложена на последниот европски самит, колку и да не ни се допаѓа, таа е обмислена и сосема се во ред неговите забелешки дека последните држави кои влегоа во ЕУ, навистина не беа на нивото на старите земји членки во однос на демократија и другите слободи и права, изјави Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната