ВИДЕО: Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Од:

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четврта по ред, за нови 14 денови, поради коронавирусот.

„Точно е дека во најголемиот број од општините е стабилна, но за неколку општини постои сериозна загриженост. Со оглед на последните трендови, премиерот Спасовски го образложи барањето за дополнителни 14 денови вонредна состојба. Имајќи го во предвид последниот развој на настаните, ќе донесам одлука за нови 14 денови. Ова нема никаква корелација со датумот на парламентарните избори“, рече Пендаровски.

Ова значи дека изборните рокови остануваат замрзнати, односно, вонредната состојба ќе трае до 13 јуни. Доколку тогаш, не се донесе одлука за нејзино ново прогласување, тогаш изборните рокови ќе течат, а изборите ќе треба да се одржат на 5 јули.

Претходно, Владата побара Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, со цел, да носи законски уредби со кои ќе може да се спречи ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски