Пендаровски: Приоритет ќе ми биде зголемување на буџетот на Армијата и обезбедување НАТО стандарди за војниците

Од:

Модернизацијата на Армијата и обезбедувањето европски услови за македонските војници, ќе биде врвен приоритет во мојот мандат како иден врховен командант, порача денеска кандидатот за претседател на државата од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски.

-Мојата цел ќе биде континуирано зголемување на буџетот на Армијата и обезбедување НАТО стандарди за нашите војници. Ова ќе значи и создавање услови за нив достоинствено да ја бранат нашата татковина, изјави Пендаровски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека веќе се започнати процесите на модернизација и како што рече, во соработка со Министерството за одбрана само ќе ги поддржи и забрза.

-Посебен фокус ќе ставам на проектите и реформите кои се однесуваат на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на Армијата по нивното пензионирање од активната служба. Особено внимание ќе посветам на именувањето на искусни и квалитетни кадри на позициите од суштинско значење за безбедноста на земјата, потенцира Пендаровски.

При именувањето на началникот на Генералштабот и генералите во Армијата, додаде, секогаш ќе се води од нивните професионални достигнувања.

-Во Агенцијата за разузнавање активно ќе учествувам во реформата на безбедносниот систем на нашата држава согласно со стандардите на најразвиените демократски земји, рече Пендаровски и нагласи дека обезбедувањето на независен и ефикасен систем за безбедност мора да биде врвен приоритет на Владата и претседателот на државата.

Посочи дека никогаш повеќе нема да дозволи да бидат злоупотребени Агенцијата за разузнавање и нејзини делови.

-Советот за безбедност, кој досега целосно беше занемарен од актуелниот претседател, ќе го свикувам редовно и во него ќе учествуваат реномирани експерти од областа на безбедноста, но и претставници на власта и опозицијата, потенцира Пендаровски и додаде дека националната безбедност не смее и нема да биде жртва на партиските и политичките интереси на поединци.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука