Пендаровски: Повикот на ВМРО-ДПМНЕ за наводно национално единство е уште еден показател за слабост во таа партија

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во емисијата „360 степени“ повтори дека повикот на ВМРО-ДПМНЕ за наводно национално единство е уште еден показател за слабост во таа партија.

„Мицкоски спомнува македонско национално единство, бидејќи му е содржано во името на партијата, земјата не е составена само од Македонци. И забележувате, во првиот момент тој повикува претежно две политички партии на Македонци. Јас секој пат тврдам дека рецепт за тензии е ако почнеме да се групираме по етничка основа, а второ, за каков тип на мораториум станува збор? Значи вели да не се напаѓаме. За каков тип на напади станува збор? Сака да каже вие немојте да ме чепкате мене, јас нема да ве чепкам вас, ајде сега сите ќе ги напаѓаме овие другите. Тоа не е демократија. Тоа би било демократија ако пред да почне изборната кампања со овие две партии, или со кого сакате и тие имаат повеќе партии во коалицијата, СДСМ има 15 вкупно, да кажете ние сме сега коалиција, и кога одиме на заеднички настапи нашиот политички противник е оној таму. Не некој од нас“ истакна Пендаровски.

Целата причина за тоа, според Пендаровски е што и ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се свесни дека не им се поклопуваат бројките со лажните анкети што ги форсираа пред почетокот на кампањата.

„Постојат анкети, за жал дел лажни, дел реални, кои ги прават различни институти, домашни и меѓународни и во дел од нив препознавам дека реториката која ВМРО-ДПМНЕ ја форсираше можеби три-четири месеци наназад, не само сега во кампањата дека се блиску до 61 пратеник за парламентарните и дека се најмалку 100 илјади разлика кај претседателските кандидати, во последно време не ја спомнуваат. И според тие анкети кои јас ги имам консултирано, и едното и другото е далеку од реалноста. Претпоставувам дека нив им е многу важно да направат влада по секоја цена дури и сосема небитно дали сте дијаметрално спротивни со некои од партиите кои сеа ги повикувате на ненапаѓање и од тие причини, од гола политичка прагма велите дајте да не се напаѓаме зошто сами не можеме да направиме прво таква разлика на претседателски и на 8 мај не можеме да направиме 61 пратеник самите како што еден период се фалеа“ порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари