Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, на трибина во Виница порача дека младите на овој град заслужуваат да живеат во европска држава, во европска Виница, град со дух, традиција и модерни европски вредности.
Пендаровски посочи дека можеме да успееме само со слога и поддршка за најважните прашања, да нема патриоти и предавници.
„Сите заедно си ја сакаме нашата единствена татковина ,нашата единствена партија мора да биде Република Северна Македонија. Позиција и опозиција мора да разберат дека економски напредок може само во евроатлантските интеграции. Да го поддржиме овој пат, оваа опција која нуди европска иднина, напредок и прогрес, да си ги задржиме овде младите“, рече Пендаровски.
Со влегувањето на нашата земја во Европската унија, додаде Пендаровски за младите се отвораат можности за студирање во европското семејство, пракса, работа, патување и европска перспектива.
„Договорите кои се склучија беа тешки но и нужни за да ги отвориме портите на Европа. Без тоа нема надеж за новите генерации, за младите. Опозицијата, нуди поништување на се што е добро направено за оваа држава. Ние со време го фативме возот за НАТО, никој нема да се осмели да ја загрози безбедноста на нашата држава “, рече Пендаровски во Виница.