Пендаровски од Карпош: Да излеземе масовно на гласање за да ги отвориме вратите на ЕУ

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Карпош, повика на масовна излезност на престојните избори за да продолжи напредокот на земјата и широко да се отвора вратите на Европската унија.

„Тргна рааботите, се решија најтешките прашања, сега патот е чист, да продолжиме напред. На 21 април и на 5 мај, на избори, да го забрзаме напредокот, дадеме дополнителен легитимитет на политиките кои водат напред кон ЕУ и НАТО. Со нашата масовност да не дозволиме политичките противниците да се коцкаат со иднината на државата, со иднината на младите. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се за поништување на се што е направено. Така не можеме да одиме во НАТО, не можеме да одиме ЕУ“, рече Пендаровски.

Тој одговори и на изјавата на неговата против кандидатка.

„Госпоѓата изгледа во последните години не била во Македонија. Не знае за изборните измами во предметот „Титаник“ на СЈО, и како победата ни беше украдена“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ