Пендаровски: Нема европска држава која го намалила трендот на иселување на младите без да се приклучи на евроатлантските структури

Од:

Младите луѓе во нашата држава мора да добијат нови можности и перспективи, а нашите заложби за што побрз влез во евроатлантските структури и чекорите што досега се преземени, се вистинскиот правец во кој ќе продолжиме да се движиме, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на денешната средба со младите од Кочани.

– Отворањето на европските претпристапни фондови, можноста за поголема мобилност во образованието, практична работа и наобразба во европските земји се дамо дел од перспективите што им стојат на младите. Очекувам тие да дадат максимална поддршка на ваквата опција, затоа што сè друго би било доведување во ризик и на ова што до сега го постигнавме. За младите луѓе кои се на почеток на својата кариера исклучително важно е да бидат дел од овие процеси и конечно, по тридецениска транзиција, и тие да станат дел од еден поширок европски пазар на труд и знаење, на еден поширок културен круг во кој и самите ќе можат да се реализираат. Сакаме најпрво да добијат шанса овде, но и преку размена на информации и искуства со своите врсници од европските држави да напредуваат многу побрзо, истакна Пендаровски.

Пендаровски додаде дека е свесен дека иселувањето на младите е нагласено во изминатите десетина години, особено во источниот регион на државата.

– Нема европска држава кој го намалила трендот на иселување, ако останала изолирана и на дното, како што бевме ние во изминатата над една деценија. Сега сме на прагот на Европа и мораме да останеме и да дадеме поддршка на оваа политика, затоа што таа на краток рок ветува можности за значително ублажување на трендот. Едно е младите да се иселуваат затоа што немаат никаква шанса во својата земја, а друго е ако добијат можност овде и потоа сакаат да се надградуваат, што како терен не треба да го запира никој, заклучи Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно