Пендаровски: Не се памети некој наш политичар да искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои како Мицкоски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски во писмено соопштение реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празнувањето на Илинден во Крушево. Претседателот Пендаровски, како што се наведува во реакцијата од претседателскиот Кабинет, е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на господинот Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.

– Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот на хероите на Слива и на самиот Мечкин Камен, а ќе биде присутен и на Панихидата во чест на хероите и нивното дело во црквата „Св. Никола“, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Меѓутоа, имајќи го во предвид фактот дека според Мицкоски чествувањето на Илинден во Крушево на 2 Август ќе биде „циркуски церемонијал“, додаваат оттаму, тогаш не изненадува неговата одлука најголемиот македонски празник да го чествува во Ташмаруништа, наместо во Крушево. Најверојатно затоа што борбите кои се водени во тој крај се далеку позначајни од борбите за ослободување на Крушево со кои се удрени темелите на македонската држава.

Претседателот Пендаровски жали што неговиот искрен обид за надминување на длабоките политички разлики барем на Илинден не беше разбран од дел од политичките лидери за кои партијата е сѐ уште пред државата. Независно од тоа, Претседателот ќе продолжи да работи во иста насока, секогаш имајќи ги во преден план државните и национални интереси, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Клековски нов министер за здравство, Велковски за социјална политика и демографија, Стоиљковиќ за локална самоуправа, Перински директор на ФЗОМ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Цените во маркетите се приоритет, ако треба ќе се анализира „фактура по фактура“

А1он

ВИДЕО: Мицкоски вели има договор за реконструкцијата, имиња не потврдува до утре вечер

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во земјава