Пендаровски на трибина во Кисела Вода: Сите заедно напред за европска иднина!

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на трибина во Кисела Вода говореше за европската перспектива, за нови вработувања и за подобар и просперитетен живот во Република Северна Македонија.

„Од 2016 година има нови политичари кои се зафатија да ги решаваат најтешките проблеми за да оди земјата напред. Успеваме да направиме голем исчекор. Само за две години од вистински режим дојдовме до влез во НАТО и очекуваме во јуни датум за почеток на прегорите во ЕУ. Во периодот од 2006 до 2016 година имавме најмногу иселени лица, пред се млади. Ова може да се спречи само со членство во ЕУ, со отворање нови перспективи за младите“, рече Пендаровски.
На 21 април, рече Пендаровски ќе се избира меѓу два различни концепти, едниот што го водам јас за напредок и вториот предводен од опозицијата за блокади, и враќање назад. Затоа ќе мора масовно, со излегување на гласање, да потврдиме дека сме за оваа опција која не носи напред во НАТО и ЕУ.

„Зад мене застанаа не само 3о политички партии туку и претставници на сите етнички заедници. Мнозинството граѓани ги поддржуваат реформите на патот на земјата кон ЕУ и НАТО. Политичарите, граѓанските организации и спортистите. Сие ние имаме одговорност и треба да се обединиме со една цел, да обезбедиме подобра иднина за следните генерации“, рече Пендаровски.

Трибината со граѓаните вечерва започна со едноминутен молк за трагичната смрт на поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски