Пендаровски на третата сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет

Од:

Во рамки НАТО Самитот во Мадрид, претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на третата работна сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет.

Сесијата на ниво на шефови на држави и влади, со која претседаваше генералниот секретар на НАТО, беше посветена на заканите и предизвиците кои произлегуваат од јужното соседство на НАТО Алијансата.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека како што е наведено во Стратегискиот концепт на НАТО се соочуваме со глобални и меѓусебно условени закани. Тероризмот, потенцираше претседателот, во сите негови форми и појави е најдиректната асиметрична закана за безбедноста на нашите народи, а особено го користат трети страни кои сакаат да го прошират нивното присуство и да го наметнат своето влијание преку хибридни закани и политички притисоци.

Во таа насока, претседателот истакна дека е потребно НАТО да продолжи со практичната поддршка и зајакнување на капацитетите на земјите-партнери, како и продлабочување на дијалогот со земјите-партнери на Алијансата, со меѓународните организации, ООН, ЕУ, и со другите релевантни регионални форуми и невладини организации.

Во дискусијата на состанокот, претседателот посочи дека ни е потребен широк консензус, со цел да развиваме функционална и предвидлива мултилатерална соработка, преку која ќе се овозможи мир и безбедност во 21 век.

Би можело да ве интересира

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД

Јенс Столтенберг: Никој не може да гарантира дека САД ќе останат во НАТО

А1он