Пендаровски на куса средба со Бајден на Самитот за климатски промени во Глазгов

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, кој во Глазгов учествува на Самитот за климатски промени, денеска оствари средби со неколку државници, меѓу кои и со претседателот на САД Џо Бајден.

– На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.

Во обраќањето на пленарната сесија вчера, Пендаровски истакна дека наша цел е до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 отсто, во споредба со нивото од 1990-та година. – Се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија, посочи вчера Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден е опериран од рак на кожата на челото

САД: Дневниот брифинг повеќе не му се доставува на поранешниот американски претседател Бајден

Трамп нареди истрага за „заговорот“ за прикривање на менталното здравје на Бајден

Трамп откри нов скандал: Без знаење на Бајден направени се 2.500 извршни помилувања

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Џозеф и Џил Бајден се заблагодарија за поддршката откако ја објавија дијагнозата за рак