(ВИДЕО) Пендаровски: На 5 мај, немаме друга опција, освен да победиме

Од:

Со 712 гласови за од 783 гласови за, делегатите на СДСМ го потврдија изборот на Стево Пендаровски за кандидат за претседател.

„Драго ми е што за првпат во независна Македонија, застануваат три партии на етнички Албанци“, рече Пендаровски во обраќањето пред делегатите на конгресот.

„Оваа коалиција веќе направи чудо со тоа што го урна режимот и постигна договор со Грција. Овие луѓе и ништо друго да не направат ќе останат на светлите страници на историјата“, рече Пендаровски и дополни дека во 2014 година бил направен брутален изборен инженеринг.

„Ми дадовте огромна политичка одговорност“, рече Пендаровски, заблагодарувајќи им се за поддршката на сите делегати.

Пендаровски кажа дека луѓе од разни етникуми да се определат за исти цели и дека од Република Северна Македонија почнале да доаѓаат убави вести.

„На 5 мај немаме друга алтернатива, друга опција, освен да победиме“, рече Пендаровски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците