Пендаровски: Мицкоски не направи ништо за државата, а сега лаже дека со нив подобро ќе се живее

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за државата кога беше потребно за европската иднина на Македонија. Опозицијата беше главната кочница и ги блокираше своите сограѓани и земја. Нека не ве лажат сега дека со нив подобро ќе живеете, нема иднина со тие луѓе, видовте што правеа кога беа на власт. Сите важни стратешки цели досега ги постигнавме ние. Сеат лаги за наводни навреди, а истите тие не сопреа од навредувања. Како што лажат за договорите кои ги постигнавме, така лажат и за сѐ друго, не им верувајте ништо“, изјави денеска кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со граѓаните во Општина Ново Село.

Пендаровски додаде и дека целиот демократски амбинет денес е на повисоко ниво, дека актуелната владејачка гарнитура имала и грешки и дека е свесна за тоа.

„Денеска самите сведочите дека медиумите се слободни имаме демократија за ова се боревме. Кај нас нема апсења затоа што некој не се согласува со нас. На 27 април организираа упад во Собрание за да не ја предадат власта. Во 2012 носеа буџет како што одговара на фамилијата на власт и ги истераа со сила сите наши пратеници и новинари. Ние сме различни како луѓе. Сме имале и ние грешки – жив човек греши, но нашите грешки не се со лоша намера“ потенцира Пендаровски.

Во своето обраќање, Пендаровски потенцираше дека единствената опција за државата да продолжи вистински да се развива е со гласање на бројот на 1.

„Знам дека граѓаните повторно ќе ја донесат исправната одлука. Бев претседател на сите, не делев, туку обединував. Ако ја добијам вашата поддршка и во следните пет години ќе работам за граѓаните и државата, затоа што нашите деца мора да имаат услови за пристоен и достоинствен живот. Само со бројот 1 ќе одиме напред“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застојот во борбата со корупцијата е поради Обвинителството, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со Рамковниот не беа најсреќни ниту Македонците ниту Албанците, но донесе мир и стабилност

Мицкоски: Кој ќе згреши ќе одговара, без разлика дали е во некоја политичка партија

Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

Услугите се генератор на инфлацијата, зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, вели премиерот

Катерина Ѓуровски