Пендаровски: Макрон никаде не вели дека никој од Западен Балкан нема да влезе додека ЕУ прави внатрешно преуредување

Од:

Претседателот Стево Пендаровски вели дека ставовите на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирањето и проширувањето на ЕУ не се ништо новитет. Тој ова го зборуваше и пред пет години вели Пендаровски.

-Нешто подолго ги следиме процесите за евроинтеграциите и знаеме дека тоа не е ништо ново. Макрон на почетокот на својот говор специфично во тој дел за внатрешно преуредување на ЕУ вели дека тоа што ви го кажувам сега ви го кажав и пред пет години. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување пред проширување, или продлабочување заедно со проширување и тоа од пред пет години, вели Пендаровски.

Според претседателот, нема ниту една изјава на Макрон во која вели дека додека ако го направиме ова продлабочувањето не треба да влезе ниту една земја од Западен Балкан. .

-Нема таква изјава од Макрон. Франција беше спонзор на преговарачката рамка, која ја усвоивме лани, а дека е тоа така потврдуваат и зборовите на госпоѓата Бун која е министер за Европа во администрацијата на Макрон. Таа сигурно знае што нејзиниот шеф мисли. За тоа се потврда и зборовите на Шарл Мишел претседател на Европскиот совет кој е најблизок политички пријател на Макрон. Секоја голема идеја во Европа која Макрон ја промовира Шарл Мишел истиот момент ја прифаќа, изјави Пендаровски.

Пендаровски вели дека опозицијата само бара изговори за да не гласа.

-Ако барате изговор поради домашни политички причини зошто не гласате за продолжување на патот на Македонија кон ЕУ и велите ние сме спремни да гласаме за ЕУ само Макрон не не сака тоа е друго. Да бидеме прецизни, да бидеме реални, да бидеме фер кон нашите евроспки пријатели.

Без внатрешни опструкции Македонија може да стане членка на ЕУ и пред рокот од 2030 година смета Пендаровски.

-Јасно е или си за Европа или си против Европа. Имаме седум народи и делови од народи во Уставот, проблем ли е да се стават уште шест. Како тоа ќе ја загрози Македонија. Ако имаше политички причини чекајќи ги следните избори да дојдеш на власт па после да мислиш на Европа и двотретинско мнозинство тоа не е стратешко размислување, тоа е партиско размислување и е против интересите на Македонија, изјави Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски