Пендаровски: И Скопје и Тирана треба да почнат преговори, на сите во ЕУ им е јасно дека Северна Македонија испорача

Од:

Ставот на целокупниот државен врв, премиерот, министерот за надворешни работи и мојот секојпат бил двете држави да ги почнат преговорите, изјави денеска шефот на државата Стево Пендаровски, во врска со најавите дека денеска Холандија треба да ја изгради својата позиција.

Според информациите на Ројтерс, објавени минатиот викенд, Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15 октомври, а Холандија, друга земја со големи резерви кон проширувањето, е повеќе наклонета кон Северна Македонија отколку кон Албанија.

-Јас во некои мои јавни настапи, не приватни разговори, сум рекол дека не смееме во цел тој контекст да ги заборавиме и останатите од Западниот Балкан, БиХ која долги години е замрзната во тој процес и Косово. Јас разбирам дека за Косово треба прво да се утврди во преговорите Белград – Приштина неговиот финален статус на меѓународна сцена, па потоа да се почне некоја правно-политичка рамка за приближување кон Брисел. Меѓутоа ви повторувам и тоа го кажувам секојпат и тука и во странство, ако сите земји од Западен Балкан еден ден не бидат членки на ЕУ ние ќе имаме проблем како регион, посочи Пендаровски.

Нагласи дека ставот е јасен – двете земји треба да ги почнат преговорите и додаде дека проблемите уште побрзо ќе се решаваат во преговарачката рамка.

-Друго е кога имате преговорачка позиција на Брисел која вели во тие и тие области треба да се дотерате, да бидете подобри. Јас ви тврдам, значи ако ја заборавите која било држава во тој процес може само полошо да биде внатрешно, може само да дегенерираат демократските процеси. Сосема е друго кога преговарате и кога морате да се трудите да ги исполните сите обврски кои од вас ги бара ЕУ, нагласи Пендаровски.

Вели дека сите индикатори од Хаг досега се дека ќе бидат позитивни кон Северна Македонија.

-Тие имаат некакви резерви за другата земја-кандидатка, меѓутоа за Република Северна Македонија немаат ама буквално никаква. Од Холандија и од Данска претходно немаме никакви забелешки, додаде Пендаровски.

Во врска со ставот на Франција и дали тој телефонски или писмено ќе го контактира Емануел Макрон истакна дека шефот на дипломатијата Никола Димитров и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во последните месец и половина имале средби со високи претставници на француската администрација, вклучително и високи советници на францускиот претседател.

-Од тој аспект мислам дека е се направено што се однесува до нас. Знаете дека е можно ставот на Франција на крај да го каже претседателот, тоа да не оди на министерско ниво 15, туку на 17 да каже претседателот, меѓутоа верувајте прво во делот на т.н. домашни задачи прво од нас што се што беше побарано се имаме испорачано, истакна шефот на државата.

Нагласи дека тоа го контатирале сите и евентуално ако таму има некакви двоумења тогаш тие се однесуваат на проблемите кои ЕУ ги има внатре.

-Тоа нема никаква врска со нашиот фајл, значи со нашето досие. Сите и Французите го знаат тоа и сите земји членки на ЕУ. Сакам да појаснам дека не станува збор за нешто што ние не сме го направиле. Вие може да се јавите уште не знам колку пати и до кого сакате во светот, меѓутоа сите работи што беа побарани на ланскиот јунски самит во Софија на ЕУ се е испорачано и навистина не знам што друго би направиле, доволно е направено, само треба да се одреди датум за преговори и нашиот став е дека продлабочувањето и проширувањето на ЕУ сосема комотно можат да одат паралелно, истакна Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он