Пендаровски и Фон дер Лајен разговараа за евроинтеграцијата на Македонија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која престојува во посета на Република Северна Македонија.

Пендаровски изрази благодарност за оваа посета и за личниот ангажман на претседателката на Европската Комисија и посветеноста кон земјите од Западен Балкан, соопшти кабинетот на шефот на државата.

– Пендаровски и Фон дер Лајен разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19.

Соговорниците разговараа и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Орбан го обвинува Брисел дека ги прикрива грешките на Урсула фон дер Лајен

Европскиот парламент бара разрешување на Фон дер Лајен

А1он

Фон дер Лајен ветува две милијарди евра за дронови за Украина

А1он

Фон дер Лајен: Разгледуваме опција за соборување на руски авиони

Ирски новинар ја обвини Урсула фон дер Лајен дека лаже во врска со руските авиони

Време е Урсула фон дер Лајен да се спакува и тивко да си оди дома, вели Орбан

Горан Наумовски