Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување кон НАТО

Од:

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на земјава кон НАТО што претставува финален чекор за членството во Алијансата.

– Со овој документ, јас како Претседател на државата, свечено изјавувам дека Република Северна Македонија пристапува кон Северноатлантскиот договор и се обврзува посветено да ги извршува и спроведува сите одредби содржани во овој Договор. Почитувани граѓани, ова е последниот политички чин со кој нашата земја влегува и формално во НАТО алијансата. Вредеше што се вложивме, затоа што на нашите идни генерации им овозможуваме поголема стабилност, безбедност и просперитет. Нека ни е со среќа, истакна претседателот Пендаровски по потпишувањето на Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО.

Инструментот за пристапување претходно беше парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Со овој потпис, го исполнуваме ветувањето кон идните генерации и визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Западен Балкан. Една држава е силна колку што е силна нејзината војска, една држава е силна колку што се здрави нејзините демократски институции, но една земја е силна и толку колку што има пријатели. Со 29 сојузници, од сега па натаму, Северна Македонија е посилна и побезбедна од било кога. Честито татковино, рече министерот Димитров.

Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја информираше Владата на Република Северна Македонија дека сите земји-членки го имаат потпишано пристапниот протокол и упати покана за пристапување кон Северноатлантскиот договор

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ