Пендаровски го осуди рускиот напад и свика седница на Советот за безбедност

Од:

Претседателот Стево Пендаровски го осудува воените десјствија на Русија во Украина и поради ескалацијата на состојбата за денска свика седница на Советот за бесбедност. Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.

„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.
Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“ – порачува претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот