(ВИДЕО) Пендаровски: Глас за број три значи гаранција дека нема да се врати режимот на Груевски

Од:

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва во Велес истакна дека граѓаните треба да гласаат за број три, бидејќи тоа е гаранција дека режимот на Груевски нема да се врати, оти ќе се поддржи политичката опција што ја внесува Северна Македонија во Европската Унија и НАТО, оти на тој начин земјата ќе добие претседател од кој нема да се срами.

– Има точно три години како почна „шарената револуција“, километри поминавме изиритирани од тогашната одлука на Иванов да аместира педесетина „супер криминалци“ од тогашниот режим на фамилијата , рече Пендаровски.

Чув дека постои иницијатива од некогашните „шарени револуционери“,додаде тој, кои доведоа до пад на режимот, заедно со сите нас, двајцата против кандидати од вториот круг да се соочиме со тие луѓе за тие да ни кажат кои се нивните замерки за изминатите три години, зошто дел од нив се разочарани, што можеме да направиме за да се обврземе пред нив, оваа држава конечно да биде уредена според клучниот принцип на шарената револуција – „нема правда, нема мир“.

Ја прифаќам таа покана во време и место кое тие ќе го определат и подготвен сум да одговорам на сите нивни барања, нагласи Пендаровски.

Наведе дека, доколку другата опција добие мнозинство на вториот круг од претседателските избори, тоа ќе значи враќање на Груевски, и како што рече негово управување од Скопје.

– До оние кои останаа дома, јас ги разбирам вашите загрижености, ако ме прашувате и мене и јас не сум 100 посто задоволен од тоа што го направиме во социо-економската сфера, но верувајте не можеше повеќе да се постигне со оглед на тоа што го затекнавме претходно, руина од држава, сите институции партизирани и на колена, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети