Пендаровски ги чека известувањето за оставката на Заев и името на новиот мандатар

Од:

Претседателот Стево Пендаровски се уште нема добиено формално известување од Собранието дека е констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, која повлекува оставка на целата Влада, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Собранието на Република Северна Македонија денеска на седница ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев.

За констатираната оставка претседателот на Собранието треба веднаш да го информира претседателот на државата, со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада.

Потоа, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.

По добиениот мандат Ковачевски во првата половина на следниот месец до Собранието би требало да ги достави програмата и предлогот за состав на новиот владин кабинет, по што би уследил избор на неговата влада на собраниска седница.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби