Пендаровски: Државата стана посакувано место за инвестирање

Од:

Концептот што го застапувам е концепт што води кон развој, кон ЕУ и НАТО и затоа на изборите
потребна е масовна поддршка за да продолжат позитивните промени, порача денеска Пендаровски пред жителите во општина Врапчиште.

– Насоката по која се движиме, патот по кој тргнавме е пат на стабилност, на економски развој и интеграција. Со напредокот во евроинтеграциите и економијата тргна во нагорна линија, државата стана посакувано место за инвестирање. За да го продолжиме тој пат, на 21ви април и на 5ти мај да дадеме поддршка на концептот што нѐ води заедно напред, порача Пендаровски.

На средбите со жителите на Центар Жупа, Пендаровски порача дека тој крај од државата е препознатлив како крај од кој луѓето масовно се иселуваат и токму затоа и на Центар Жупа и на државата потребна им е европска иднина за да престане иселувањето на младите.

– Членството во НАТО и ЕУ се гарант дека државата ќе се развива и ќе обезбеди сигурна иднина за младите да останат тука.

Да им овозможиме услови за работа и просперитет тука и слободно да патуваат и да живеат како нивните врсници во Европа.

Да го видат светот и светот да ги види нив.

Затоа, повикувам сите граѓани од сите етнички заедници да дадат поддршка на овој концепт и да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски