Пендаровски до граѓаните: Како претседател нема никогаш да дозволам аболиција на криминалци

Од:

Се наоѓаме пред историски избори за нашата земја, избори на кои одлучуваме помеѓу два дијаметрано различни концепти за државата и за нејзината иднина.

Мојот концепт е да продолжиме Напред и да ја обновиме економски земјата, да се обединиме околу европските цели. Да градиме пријателства со соседите и да работиме со љубов за државата, рече Пендаровски во обраќањето до граѓаните.

“Другата страна има намера да се вратиме назад, да поништиме се што е направено сега и така поделени и скарани, без идеја за иднината повторно да ја втурнеме земјата во изолација, во блокади и во нова крајна неизвесност.

На другата страна не постои одговор како земјата ќе оди Напред, како економски ќе се развиваме ако сме изолирани. Како планираат да влеземе во НАТО и во ЕУ без договор со соседите, за нив е најважна политиката на една партија на белиот дворец граден со наши народни пари. За нив аболициите и амнестиите се поважни од доброто на сите граѓани на оваа земја.

Иднината за која јас се борам да бидеме членка на НАТО со почнати преговори со Европската Унија, само така е можно драстично економско зајакнување со добро платени места, со новоотворени можности за младите, земја во која има строги стандарди и правила по кои работат и институциите и службениците. Земја во која политиката не дели, туку обединува.

Како претседател на сите граѓани нема никогаш да ве делам по вера, нација или по јазикот кои го зборувате.

Нема да дозволам укинување на правата кои ги имаат нашите сограѓани од етничките заедници и кои се загарантирани со Уставот. Ќе се заложам за целосна контрола врз власта и секогаш ќе стојам на страната на обесправените.

Правда мора да има и како претседател нема никогаш да дозволам аболиција на криминалци или насилници кои се закана за демократијата, слободата и вољата на граѓаните.

Во недела Вие одлучувате во каква држава сакате да живеете и каква иднина ќе имаат Вашите деца.
Вие и Вашиот глас сте клучни и носите историска одлука. Дали ќе одиме Напред, или режимот ќе не враќа Назад.

Затоа на 5ти мај да излеземе сите масовно и да го дадеме нашиот глас за да продолжиме Напред.”, порачува Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети