Пендаровски: Да не бев претседател и јас би се иселил од мојата земја

Од:

Шансата да се задржат младите луѓе во регионот е во тоа Западен Балкан да почне да ги користи сопствените ресурси и да продолжи со регионални автономни инцијативи, создавајќи нешто како мала ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски во Нови Сад.

Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот и никој не е луд да го потроши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, ќе се преселев од мојата земја – рече тој, илустрирајќи ја ситуацијата во државата, но и во регионот.

Пендаровски смета дека, покрај економските проблеми, Западен Балкан страда и од апсолутна зависност од помошта на ЕУ.

– Ако не добиеме помош од ЕУ, како да не знаеме што треба да правиме. Тешко е да се ослободите од тој менталитет, иако постојат исклучоци. Идеите и креативноста на луѓето во регионот не се искористени ниту 10 проценти – критичен е Пендаровски.

Потсетувајќи дека ЕУ не го одобри почетокот на пристапните преговори, Пендаровски рече: „Го променивме името на земјата само за да станеме дел од ЕУ, но Унијата тоа не го зеде в предвид и тоа е голем удар за сите луѓе во мојата земја“.

Тој оцени и дека ќе има проблеми меѓу земјите-членки на ЕУ и дека процесот на проширување ќе биде задоцнет. Пендаровски стравува дека тоа би можело да нè врати на почетокот, иако некои прашања веќе се решени.

„Мора да почекаме да видиме што ќе понуди ЕУ и да се прилагодиме кон тоа. Ако продолжиме со автономни регионални иницијативи, тогаш ќе се движиме многу побрзо. Ако станеме попаметни, ќе одиме напред. Ако направиме мала ЕУ во регионот, имаме шанса да ги задржиме младите луѓе и суштински да го трансформираме општеството“, смета Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон менува курс, Европа на маргините на глобалните стратегии

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“

Захарова: Москва веднаш ќе одговори на замрзнувањето на руските средства во ЕУ

Сијарто: Тајно купуваат руска нафта, а нас нè критикуваат