Пендаровски: Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава

Од:

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска истакна дека водењето на политика, која поттикнува етничка омраза е опасно, особено за мултиетничка држава како Северна Македонија, а особено лоша пракса е на трагедиите, како последната со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да им се дава етничка конотација и на жртвите, но и на сторителите.

Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава

Тој денеска на маргините на Отворениот форум за антикорупција, одговарајќи на новинарски прашања да даде порака до јавноста истакна дека станува збор за трагедија во која животот го губат двајца наши сограѓани, а за оние кои шират говор на омраза и поттикнуваат етничка толеранција истакна дека смета оти апелите не допирата до нивната свест и оти е потребно правната држава да ги преземе неопходните чекори во таа смисла.

-Сега вие барате од мене порака за јавноста, мислам дека тоа не допира до нивната свест, не допира. Просто тие се така скорени, така мислат дека треба да се води политиката, што е исклучително опасно за една држава како што е Македонија, со ваква внатрешна етничка и религиска структура, да се поигруваш со тие работи, со тој говор на омраза. Мислам дека тие луѓе и партии треба да се санкционираат. Едноставно кажано нема потреба од апели, тоа не допира до нивната свест, не им допира до умот. И потребно е правната држава да ги преземе неопходните чекори во таа смисла…Таа пракса, лоша пракса на сите сторители или жртви да гледаме само низ етничка призма, а последниов трагичен случај нема никаква етничка компонента, се случува кај одредени политички субјекти и политичари, поединци, долг период наназад, истакна Пендаровски.

Тие субјекти, како што рече претседателот на државата, прибегнуваат кон таква политика, бидејќи немаат други конкретни политички понуди.

-Зошто го прават тоа, затоа што не се свесни за опасноста. Ако влезеш во реторика со етнички призвук, ќе ти биде одговорено на ист начин од другата етничка страна. А го прават тоа затоа што немаат реална политичка понуда. Што ќе понудат, освен закани, ако таквите дојдат на власт ќе биде вака, од едната страна ќе бидат Албанците, од другата Македонците, ќе биде лошо, порача Пендаровски.

Тој рече и дека последниот трагичен настан е трагедија за двајца наши сограѓани, но и дека осомничените засега се само обвинети и оти е потребно и за нив да се почитува пресумпцијата на невиноста, односно да се почека исходот од судската постапка.

-Меѓутоа особено првообвинетиот, е познат по таква реторика, со говор на омраза, децении, децении наназад и никој ништо не му направил. Значи тој и тој беше во политиката. Политиките на неговата партија низ негова уста сееја само омраза кон одредени етнички заедници кои живеат во Македонија. Значи не ме чуди дека на таква реторика, која претходеше на злосторот, сега се одговараат други со слична структура, политичари или јавни личности сеедно или луѓе активни на социјалните мрежи, кои само го продолжуваат тоа што тој го правеше со години, а системот за жал не реагираше, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ