Пендаровски: Ако некој сака да гласа за Гордана Сиљановска тоа значи трет мандат за Иванов

Од:

Пендаровски, денеска побара поддршка од жителите на Пробиштип и Карбинци, каде од жителите на преку заокружување на бројот 3, за подобра иднина, за да не се дозволи враќање во минатото и времето на груевизмот.

Другата опција, посочи Пендаровски, нема визија, сакаат само се што е добро направено за државата да го укинат,  тие да се вратат на власт и само тие да живеат добро на сметка на другите граѓани.

– Ако некој сака да гласа за Гордана Сиљановска тоа значи трет мандат за Иванов. Името е различно, но политиките се исти. На 21ви април и на 5ти мај тоа нема да им го дозволиме туку ќе продолжиме Заедно напред кон интеграција во ЕУ и НАТО онаму каде припаѓаме, рече Пендаровски.

Патот по кој оди оваа Влада, рече Пендаровски, води кон развој, нови инвестиции, подобар стандард, поголеми плати и нови работни места, а сето тоа е поттик младите да останат дома.

Пендаровски повика на заедништво и сплотеност,  бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат само добро за државата, за граѓаните, особено за младите. Патот е трасиран и нема враќање назад, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски