ПЕН центарот згрозен од лустрирањето на Славко Јаневски

Од:

Македонскиот ПЕН центар излезе денеска со соопштение во врска со лустрацијата на, како што велат, еден од своите оснoвачи и носечки столбови на македонската литература и култура, Славко Јаневски, во кое велат дека се згрозени заради постапката.

„Дотолку повеќе што станува збор за автор мртов повеќе од една деценија, за автор кому токму власта што го лустрира, пред извесно време му откри два споменика – еден во паркот „Жена борец“, друг на Мостот на уметноста. Македонскиот ПЕН центар силно се противи на настојчивите обиди на Комисијата за лустрација самата да си се претвора во Комисија за утврдување на гревови од било кој вид, скршнувајќи од нејзината единствена и основна цел – оневозможување поранешните соработници на службите за безбедност да можат денеска да бидат носители на јавни функции“, се наведува во соопштението.

Македонскиот ПЕН центар посочува дека не може да сфати со колкава леснотија Комисијата за лустрација се пресметува со мртви луѓе кои не можат да се бранат и да ја докажат својата невиност, а за кои уште од римско време постои начелото – за мртвите не се расправа.

„Не сакајќи да невлегува во наводите на Комисијата, која со ова го достигнаа врвот на апсурдот, Македонскиот ПЕН центар потсетува дека вредносната скала во уметноста не ја прават никакви комисии и силно ја подвлекува незаобиколната и незаменлива улога на Славко Јаневски во развојот на македонската литература и култура. Едновремено, енергично бараме од надлежните државни органи да ја вратат работата на оваа Комисија во нејзиниот законски делокруг“, се вели во реакцијата од ПЕН центарот, потпишана од нејзиниот претседател, Ристо Лазаров.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска