Пекевски: Две години неуморно го градиме Берово како посакувано место за живеење и како посакувана туристичка дестинација

Од:

Веќе 2 години Берово има транспрентна, отчетна локална власт, која работи, гради, го поведе и го води Берово на прав пат, истакна на трибината на СДСМ, под мотото „на Прав пат“ градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, додавајќи дека Општина Берово е на прво место во источниот плански регион по активна транспарентност и на 10 место од сите општини и органи на државна управа.

– Општина Берово ја затекнав блокирана со неизмирени обврски во износ од годишен буџет, но за две години успеавме финансиски да ја стабилизраме, две години неуморно го градиме Берово како посакувано место за живеење и инвестирање, како посакувана туристичка дестинација, нагласи Пекевски.

Ја остваруваме програмата, рече Пекевски, наведувајќи дел од реализираните проекти како асфалтирање на седум улици во градот, целосна реконструкција на улицата Моша Пијаде, како и на патот Владимирово – Мачево, асфалтирање на приоритетните улици во село Русиново, рехабилитацијата и санацијата на државниот пат Берово-граничен премин Клепало.

– Изградена е фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба Беровско езеро, изграден е покриен пазар во Берово, ламела на старечкиот дом Иван Влашки, издвои Пекевски дел од реализираните проекти.

Тој додаде дека во завршна фаза е пешачката патека на брегот на реката Брегалница, се реконструира коритото на реката Брегалница и се гради нов цевковод во село Дворише.

– Се што се рушеше за 11 години на државно и општинско ниво не може да се поправи за 2 години, но се гледа разликата меѓу градењето и пропагнадата. Ја остваруваме целата програма и остануваме на вистинскиот пат, порача градоначалникот на Берово Звонко Пекевски на трибината на СДСМ, под мотото „на Прав пат“.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време