Кандидатот за градоначалник на Берово Звонко Пекевски, заедно со предложената листа за советници од СДСМ, по повод 11-ти Октомври положија свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци во НОБ. Претходно, Пекевски и младите активисти од СДСМ темелно го исчистија споменикот, како симболика за негувањето на вистинските вредности, почит кон историјата за сите кои го дале својот живот, за сите кои учествувале во борбата за македонската независност.
Почитта кон историјата, кон луѓето кои ги дале своите животи во борбата против најголемото човечко зло што му се случило на човештвото – фашизмот е една од вистинските вредности што треба да се негуваат, што треба да се пренесуваат на младите генерации како лекција која никогаш не сакаме да ни се повтори. Поделби, негрижа за културното и историското наследство, криминал се одлики на претходната власт и градоначалникот во заминување. Со режимот кој падна во Македонија и кој ќе падне во Берово, тие вредности кои беа заборавени ќе се вратат и негуваат, и многу посилно ќе се почитуваат во иднина, истакна Пекевски.
-Борбата продолжува, потенцира тој. Денес, се уште, имаме остатоци од една, исто така, ненародна власт, од еден условно „окупатор“ кој се надвисна над Македонија последните 11 години, кој манипулираше, владееше со пропаганда и став, затвораше, угнетуваше, ја укина демократијата, која под превезот на патриотизмот проневери милијарди евра народни, македонски пари. Борбата ја почнавме со пенкало во рака, на парламентарните избори им покажавме дека народот сака слобода и борбата во недела ја завршуваме пак со пенкало во рака. На 15-ти октомври се враќа животот во Берово, ќе има живот за сите во Берово, живот за сите во Македонија, изјави кандидадот за градоначалник на Берово од редовите на СДСМ.