А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пејџ: За Лондон е многу важно Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ во јуни

by А1он23/05/2019 - 18:06209
Share0

Посветеноста на Велика Британија кон Западен Балкан е трајна: таа ќе продолжи и откако ќе ја напуштиме ЕУ, па ќе биде и зајакната, изјави Ендру Пејџ, директор за Западен Балкан во британското Министерство за надворешни работи во интервју за „Јуропиан Вестерн Балкан“.

Добивај вести на вибер

Како доказ за таа посветеност, како што појасни Пејџ, е и планот за удвојување на бројот на луѓе во британските амбасади во регионот, а кои работат на прашања поврзани со безбедноста – трговија со дрога, огнено оружје, трговија со луѓе, криминал поврзан со имиграција…

– Исто така, ќе ја зајакнеме соработката со владите и цивилното општество со цел да помогнеме за намалување на корупцијата во регионот и подобрување во областа на владеењето на правото. Воедно, ќе бидат удвоени програмските пари за вложување во регионот, истакна Пејџ.

Што се однесува на евроинтерграциите, британскиот дипломат посочи дека и по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, иако Лондон нема да има столче во Советот на ЕУ, активно ќе го поддржува процесот на проширување.

– Сметаме дека е многу важно за Северна Македонија и Албанија да стасаат до стартната линија и да отворат преговори за пристапување во ЕУ во јуни. Се залагавме за тоа и кога одлуката беше на маса, минатата година во јуни, но беше одложена за една година, делумно поради францускиот пристап.

Тој најави дека Велика Британија и натаму ќе биде многу важен сојузник во рамките на НАТО.

– Воодушевени сме што е постигнат Договорот од Преспа од многу причини, а еден од поважните е пто тоа го отвора патот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Ние се надеваме дека процесот на ратификација ќе биде брзо завршен со цел Северна Македонија да се придружи на Алијансата веќе на Самитот на НАТО во Лондон во декември оваа година.

albanijaeumakedonija

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 17:33

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 21:4803/02/2026 - 22:06

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:3902/02/2026 - 09:39

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Предраг Петровиќ01/02/2026 - 12:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен