Пејачката Аделина Тахири пријавена за напад на дете, таа негира: Ме снимаше со телефон, јас ѝ го одзедов

Од:

Пејачката Аделина Тахири била пријавена од нејзина сосетка дека физички го нападнала нејзиното малолетно дете и му го украла мобилниот телефон. Сосетката пријавила разбојништво со влечење, тепање и закани кон нејзиното дете, а, пак, Тахири негира дека имало  каков било физички напад кон малолетното лице. Пејачката тврди дека повеќе од две години била навредувана од мајката на малолетничката и детето, а за настанот објаснува дека го одзела телефонот откако увидела дека детето ги снимало неа и нејзиниот син. Според МВР, настанот се случил пред три дена.

Тахири вели дека пред да го одзеде телефонот, девојчето потврдило дека ја снимало. Таа не сака да коментира за постапката што  се води, но најави дека кога ќе заврши ќе објави сè што знае и има како докази.

„Бев излезена со мојот син, сестра ми и жената којашто ми помага дома. Забележав дека малолетната М.В. ме снима со нејзиниот телефон, тргнав кон неа и ја прашав дали ме снима. Таа одговори потврдно, по што побарав да ја избрише снимката. Таа иронично ми кажа дека не сака, по што побарав да ми го даде телефонот, но повторно иронично ме одби. Во тој момент ѝ го зедов телефонот и очекував дека нејзината мајка ќе дојде и ќе го отклучи телефонот, за да ја избрише снимката. Мајка ѝ не дојде, туку полиција, откако ме пријавиле“, вели Тахири за „А1он“.

Пејачката до нас достави и фотографии од пораки, за кои тврди дека малолетничката ѝ ги испратила на нејзината сестра, неколку денови пред да биде пријавена во полиција, чија содржина гласи: „Чекај не знаеш што е проститутка кога живееш со една или не знам, можеби две“, мислејќи на Аделина Тахири и нејзината мајка.

„Малолетната М.В.  во континуитет фрла отпадоци пред мојата врата како резултат на национално нетрпение, а за тоа имам и доказ. За тоа разговарав и со мајка ѝ, не ми поверува и морав да ѝ презентирам докази за да ја убедам. Ми вети дека ќе разговара и дека нема да се случува тоа. Очигледно, таа нема време да се занимава со воспитување на своето дете“, додава Тахири.

Според неа, пред да биде пријавена за тепање малолетничка, како и за одземање на телефонот откако била снимана, претходеле низа навреди и од мајката на девојчето, за која смета дека на својата ќерка ѝ наметнува национална омраза. Во однос на написите дека таа и нејзиниот сопруг ги вознемирувале останатите соседи во комплексот, Тахири достави и фотографии за кои вели дека се направени во полициски час, а каде се гледа како и покрај забраната за групирање, мерките за заштита од коронавирусот не се почитувале од мајката на малолетничката заедно со други станари, за што има пријава и во полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

(ВИДЕО) Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Горан Наумовски

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски