Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза и кој во моментов е хоспитализиран на Универзитетската клиника, тврди дека предвреме добил отпусно пусмо и дека хоспитализацијата му е скратена за неколку дена.
„Д-р Стојка Фуштиќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.
Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.
А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год. Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност“, пишува на својот фб профил Игор Пехчевски.