Педесетина компании заинтересирани да ја градат скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Од:

Од скопски Водовод и канализација информираат дека вкупно околу 50 компании испратиле апликации на повикот за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води во главниот град, а рокот за поднесување пријави е продолжен до 1 септември.

„Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за Изградба на Пречистителна Станица на град Скопје, во вредност од 136.000.000 евра,“ велат од Водовод и канализација.

„Во моментов тече рокот за поднесување апликации за претквалификации за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Досега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање. Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17.08.2020 истиот истекува на 01.09.2020 во 12 часот по локално време,“ се вели во соопштението.

Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 01.09.2020, најдоцна до 14.09.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска, додаваат од Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС