Пецаков: Георгиески кога ќе ги срушиш дивогрдбата кај чинарот и бетонската база

Од:

Во Охрид урбаната мафија гради каде ќе стигне и никој за тоа не одговара, се обрати на денешната прес-конференција Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро го одобруваат ставајќи ги партиските и бизнис интересите пред интересите на граѓаните.

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ја охрабруваат урбаната мафија во Охрид и покрај сериозната закана градот да ја загуби титулата од УНЕСКО.

Последните дивоградби наместо веднаш да бидат срушени од градоначалникот Георгиески и Општината тие повеќе од една недела молчат со што ја потврдуваат предизборната коалиција за која сега само ги плаќаат фактурите.

Измина и трет месец откако општинскиот инспектор даде рок од 10 дена да се отстрани натстрешницата кај Чинарот, а ние сме сведоци веќе на нова дивоградба бетонска база.

Го повикуваме градоначалникот Георгиески доколку работи во интерес на граѓаните и сака навистина да го заштити градот уште веднаш да се срушат сите диви објекти во Охрид.

Георгиески како што ја охрабрува урбаната мафија така надлежните институции да се охрабрат и да не подлегнуваат на притисоците од страна на Заев и да не се плашат да го спроведат словото на законот.

Дали без ни малку срам Георгиески ќе се појави во Баку каде треба да биде донесена одлука за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид?

УНЕСКО најповеќе реагира за диворадбите и бара нивно уривање како хотелот во Лагадин, минарето, бетонската база и сите други градби кои имаат прекршувања на Законот за градење.

Со СДСМ и Георгиески во Охрид владее беззаконие. Охрид го бришат од УНЕСКО. Георгиески и неговите бизнис-политички партнери се на колена, а институциите треба веднаш да го казнат криминалното дивеење на урбаната мафија.“, рече Пецаков во обраќањето.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Македонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е