Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) реагира на написите на владините портали и медиуми дека наводно оваа партија се распаднала.
„ПЦЕР е стабилна партија и осум години е во опозиција. Нејзините членовите не се ненормални на 30 дена од изборите да одат во некоја друга партија кога ние ќе бидеме дел од новата власт. Стекнатиот имот на Шабан Салиу и другите лидери во коалиција ќе бидат на проверка“, се вели во партиската реакција.