Партијата за целосна еманципација на Ромите потсетува дека утрешниот ден 2 август, е ден за потсетување на нацистичкиот геноцид над Ромите што бил направен во Собибор, Белзец и во Ходонин.
„Таму лежи пепел на многу наши браќа. Се проценува дека нацистичка Германија во период од 1939 до 1944 год, убила пола милион европски Роми. Ова е ден што секој еден Ром треба да знае и да одаде почит на жртвите,71 година од геноцидот над Ромите. Ние како партија баравме од Комисијата за култура во Собрание овој ден да се внесе како ден на холокаустот на Ромите, но на жалост се уште не е прифатено. Во едно користиме прилика да го честитаме најголемиот македонски празник Илинден, на сите граѓани на Македонија без разлика на верска припадност,ова е празник на Македонија, а Македонија сме сите“, се вели во реакцијата на ПЦЕР.