Пазарот во Виница се затвора целосно

Од:

По состанокот со надлежните институции во Општината, а во согласност со препораките од Владата за заштита од коронавирусот, Кризниот штаб на Виница донесе одлука за целосно затворање на градскиот пазар.

Со тоа е променета претходно донесената одлука со која во среда, кога е пазарен ден, им беше дозволено работењето само на продавачите на прехранбени артикли.

– Имајќи ги предвид последните мерки за ограничено движење на пензионерите и на другите лица, одлучивме во текот на утрешниот ден тезгите да бидат целосно затворени. Освен на текстилни и други производи, тоа подразбира и забрана за продажба на овошје, зеленчук, млечни производи и сите останати земјоделски намирници, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

Според известувањето од општинскиот Кризен штаб, 71 лице од Виница е опфатено со мерката за домашна изолација и главно се работи за граѓани кои пристигнале од странство, односно од држави кои се на листата на средно и високоризични.

Екипи на комуналното претпријатие „Солидарност“ продолжуваат со мерките за дезинфекција на локациите на кои во текот на денот има поголема фреквенција на граѓани, а после секој погреб се дезинфицира и градската капела.

Би можело да ве интересира

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска