Павлоски: Трет ден без трага и глас од министерот Спасовски за настанот во Струмица

Од:

Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека одговорност мора да има и ќе има, а Оливер Спасовски најмалку што можел да направи во случај кога од него раководена полиција пука во деца е да си даде оставка од морални причини.

– Едно 16 годишно момче се уште се наоѓа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде се бори за живот, а второ 17 годишно момче закрепнува од хируршката интервенција во струмичката болница. Двете момчиња се жртви на бруталното и непрофесионално однесување на струмичката полиција. Во децата пукаше струмичката полиција која ја води началникот Танчо Пројковски, кадар на Оливер Спасовски. Без раководно искуство, без соодветно образование Пројковски е поставен само за да дели решенија и да ја партизира полицијата. Затоа е хаосот. Затоа се доведени во опасност човечките животи, рече Павлоски.

Тој додаде дека трет ден поминувал без трага и глас од министерот за внатрешни работи, без изразено жалење или сочувство до родителите, а немало ни смена на началникот, ниту оставка од морални причини. Како што кажа Павлоски, два човечки животи биле малку за Оливер Спасовски, за него поважно било неиспрано возило, бидејќи тогаш тој ги повикал медиумите и направил спектакл.

– Тоа што ќе загинеа две млади момчиња од пукањето на струмичката полиција во нив за Оливер Спасовски не е настан. За него е поважно да си го мине денот на сплав, со музика и скапи пијалоци. Неспособноста на Спасовски да раководи со министерството за внатрешни работи излезе на виделина. Спасовски и Заев работат исклучиво на сопствените интереси и на интересите на неколкумина партиски војници на СДС, а на штета на безбедноста на граѓаните. Ставени се во прашање безбедноста и сигурноста на граѓаните. Овој пат се во прашање два животи. Следниот пат, никој не знае колку, рече Павлоски.

Според него, граѓаните биле револтирани поради неизвесноста во која што ја втурнува целата држава, како што рече Павлоски, неспособниот Спасовски и неговиот шев Заев.

– Граѓаните бараат одговорност за случувањата кој од ден на ден се повеќе ги загρижуваат. Одговорност мора да има и ќе има. Поρади несеρиозноста, неспособноста и хаосот што се креира од стρана на Заев и Спасовсκи, набρгу ќе следуваат и политичκа и κρивична одговоρност, заврши Павлоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?